На 05.11.2024 во основното училиште „Даме Груев“ во с. Куклиш, струмичко, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица спроведоа едукативно предавање на учениците од осмо и деветто одделение на тема „Врсничко насилство“. Преку наменски подготвена презентација, учениците беа запознаени со поимот врсничко насилство, со посебен акцент на сајбер насилството, формите во кои тоа се манифестира, а со тоа и начините како да се препознае. Било разговарано и за последиците што со себе ги носи ваквото негативно поведение и потребата од благовремено превенирање, со цел заштита на децата од последиците на оваа социо-девијантна појава.