05 ноември 2024

Превентивни активности на СВР Куманово

 

Денеска (05.11.2024) полициски службеници од ОВР Крива Паланка реализираа превентивна активност под мотото „Носи кацига, вози безбедно“ во централното градско подрачје на Крива Паланка.

Полициските службеници, во непосредна комуникација со мотоциклистите им укажуваа за важноста од носење на заштитна опрема и почитување на сообраќајните правила и прописи.
Целта на оваа превентивна активност е да се даде посебен акцент на младите мотоциклисти и нивните родители за поголемо внимание и грижа кон децата, зголемување на сообраќајната култура, како и мотоциклистите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

На мотоциклистите им беа поделени печатени материјали со информативно-едукативни содржини изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта.