05 ноември 2024

„Стоп на говорот на омраза“ – превентивна активност на СВР Тетово

 

Вчера (04.11) во Тетово започнаа практични активности од превентивно-едукативниот проект „Стоп на говорот на омраза“ и ќе продолжи во сите тетовски и гостиварски основни училишта.

Стручно обучените полициски службеници на околу 2500 ученици од деветто одделение кои следат настава на македонски, албански и турски јазик, ќе им презентираат што претставува говорот на омраза, како да се препознае и превенира, не само на училиште, туку и во другите области од животот на младите, на социјалните мрежи, во кафулињата итн.

Учениците, исто така, се информираат и едуцираат како да ги надминат предрасудите и стереотипите кои најчесто предизвикуваат говор на омраза, нетолеранција и дискриминација.

Носител на проектот е Отсекот за превенција на СВР Тетово, во соработка со ОБСЕ и ќе трае до крајот на овој месец.