04 ноември 2024

Превентивни активности на ОВР Виница

Денеска (04.11.) полициски службеници од ОВР Виница и ПО за БПС при ОВР Виница во општинското основно училиште ,,Славчо Стојменски“ во Виница, реализираа едукативна работилница посветена за учениците од прво одделение од ова основно училиште. 

На едукативното предавање за првачињата полициските службеници им ги презентираа на децата основните сообраќајни правила и прописи особено важни за нивната безбедност во сообраќајот, пред се како пешаци, но и при управување со велосипеди или тротинети.