Денеска (01.11.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираше сообраќајни превентивно едукативни активности под мотото – „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Користи појас“.
Превентивните активности се реализираа на подрачје на ПСОН Бит Пазар односно на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, а основна цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура и почитување на сообраќајните правила и прописи, согласно позитивната законска регулатива. Дополнително, на возачите и сопатниците им беа делени информативни летоци изработени во соработка со РСБСП.
Исто така, денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ПСОН Гази Баба реализираше уште една превентивна активности и тоа во основните општински училишта „Крум Тошев“ и „Његош“ каде што беа спроведени едукативни работилници со ученици членови на училишните Клубови за превенција, а на тема „Детски права и обврски“
Инаку и вчера (31.10.) полициски службеници од Одделението за превенција во просториите на ПСОН Гази Баба одржаа едукативна сообраќајна поука за граѓани кои сториле сообраќаен прекршок „погрешно паркирање“ по чл 63/6 и чл. 66/5 од ЗБСП, а главна цел на овој вид на полициско работење преставува проактивен пристап на полицијата кон граѓаните со цел подигнување на сообраќајната култура на сите учесници во сообраќајот.