Денеска (31.10.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово и од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, во централното градско подрачје на Тетово спроведоа превентивна активност „Паркирај совесно - паркирај одговорно”.
За време на превентивната активност, во непосредна комуникација со граѓаните-возачи, полициските службеници укажуваа на неопходното почитување на сообраќајните правила и прописи во поглед на користењето на паркинг простор, а во насока на подигање на сообраќајната култура и стриктно почитување на законските норми од областа на сообраќајот.