Вчера (29.10.2024) во Куманово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово реализираа превентивна активност под мотото „Носи кацига, вози безбедно“. Полициските службеници во непосредна комуникација со мотоциклистите, укажуваа на важноста од носење на заштитна опрема и почитување на сообраќајните правила и прописи.
Целта на оваа превентивна активност, каде посебен акцент се става на младите мотоциклисти, е зголемување на сообраќајната култура и свеста за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи. На мотоциклистите им беа поделени и печатени материјали со едукативни содржини, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта.