29 октомври 2024

Превентивна активност на СВР Штип

Денеска (29.10.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, на Градскиот стадион во Штип беше спроведена превентивна активност во рамки на проектите – „МВР за граѓаните“ и „Да навиваме спортски и безбедно за нашиот клуб“.
Во текот на активностите беа поделени летоци со едукативна содржина, а на граѓаните им беше укажано за забраната за внесување на алкохол, опојни средства, и истакнување на транспаренти, знамиња и други предмети со текст, слики, знак или други обележја или пак пеење на песни или дофрлување со пораки коишто предизвикуваат и потикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, национална или верска припадност. Исто така, на граѓаните им беа укажани и основните законски одредби за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, а стана збор и за начините на препознавање и потребата од навремено пријавување на потенцијалните инциденти. 
Целта на активноста беше подигање на свеста кај граѓаните за создавање на побезбедна и сигурна заедница.