28 октомври 2024

„Биди одговорен возач- не користи мобилен телефон“, превентивна активност на СВР Велес

 Денеска (28.10.2024) од страна на полициски службеници од  Отсекот за превенција при СВР Велес  на подрачјето на ОВР Кавадарци  беше спроведена сообраќајно едукативна активност „Биди одговорен возач- не користи мобилен телефон“. 

Целта на оваа активност е подигање на свеста кај возачите и укажување за можните последици од  користењето  на мобилните телефони за време на управувањето на возила. На возачите им беа делени и едукативни летоци изработени од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на  патиштата.