26 октомври 2024

Превентивна активност на СВР Струмица

На 25.10.2024 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица одржаа едукативно предавање на тема „Врсничко насилство“ на учениците од шесто до деветто одделение од Основното општинско училиште „Борис Трајковски“ во село Моноспитово, струмичко. Преку наменски подготвена презентација учениците беа запознаени со проблемот со врсничко насилство, формите во кои што се манифестира и како тоа да биде препознаено и превенирано. Посебен акцент беше даден на сајбер насилството и последиците што со себе ги носи ваквото негативно поведение, а се со цел благовремено да се превенира и да се заштитат децата од последиците на оваа социо-девијантна појава.