25 октомври 2024

Превентивна активност на СВР Штип

 

Денеска (25.10.2024) во Штип, Отсекот за превенција при СВР Штип во содејство со полициски службеници од Полициската станица Штип реализира превентивна кампања „Заштити се од џебни кражби''. За време на активноста, на граѓаните во директна комуникација им беа дадени корисни совети, а беа поделени и летоци со едукативна соодржина за заштита од кривичните дела „разбојништв“, „дрска кражба“, „кражба“, „измама“. На граѓаните особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, со брзо и точно пријавување на бесплатниот број 112 за навремена реакција и преземање на мерки од страна на полицијата.