На 24.10.2024 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица во соработка со РСБСП реализираа две едукативни предавања тематски посветени на безбедноста во сообраќајот за учениците од Основното општинско училиште „Герас Цунев“ во с.Просениково, струмичко.
Целта на предавањата беше учениците од второ, трето, четврто и петто одделение да бидат запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот. Исто така, во рамки на предавањето учениците беа запознаени и со задачите и обврските на еден униформиран полициски службеник - сообраќаец. Воедно, на учениците им беше поделен едукативен материјал обезбеден од РСБСП.