24 октомври 2024

Превентивна активност на СВР Куманово

Во текот на изминатата недела полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со општинските власти од општина Старо Нагоричане, како и со претставници од Советот на општината Старо Нагоричане и од Општински совет за детско престапништво, во Основното општинско училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце, реализираа активности - спортски игри - под мото: „Со спорт против насилство“, како и едукативна работилница на тема како да се спречи врсничкото насилство. 

Исто така, полициски службеници од ОВР Крива Паланка во основните општински училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ во Крива Паланка одржаа едукативна работилница за ученици од петто до осмо одделение од областа на сообраќајната безбедност. На работилницата на учениците им беа презентирани законските обврски околу почитувањето на сообраќајните правила и прописи, а во интерес на  нивната лична безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.