21 октомври 2024

Превентивна активност на СВР Скопје



На 20.10.2024 Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе превентивно едукативна активност под мотото „Стави појас" наменета за учесниците во сообраќајот. Активноста беше спроведена на подрачјето на ПО Петровец, односно на наплатната рампа „Петровец“.
Основна цел на проектот е зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. На граѓаните им беше укажано на потребата од користење на безбедносен појас, како и на ризиците по безбедноста доколку не се користи истиот. На возачите им беше делен и едукативен материјал.