Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП денеска (18.10.) спроведе сообраќајни превентивни едукативни активности под мотото – „Не користи мобилен телефон додека возиш“. Активностите се реализираа на подрачје на ПСОН Центар, во централното градско подрачје на Скопје, односно на улицата. „Димитрие Чуповски“.
Основната цел на активноста беше насочена кон зголемување на сообраќајната култура на возачите, превенствено преку почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. На возачите, во рамки на акцијата им се делеше и едукативен материјал изработен во соработка со РСБСП. Покрај ова, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ПО „Мирковци“ во Основните училишта „Кирил и Методиј“ во село Кучевиште, „Александар Урдаревски“ во село Сандево и ПООУ „ Михаил Грамено“ село Горно Блаце, реализираше три работилници со основците од овие училишта, при што беа формирани и училишни Клубови за превенција кои ќе бидат вклучени во реализација на проектот „Безбедност во училиштата“.
Темите на работилниците беа поврзани со запознавање на учениците со детските права и обврски, потоа со превенцијата од сите видови на насилство и превенцијата од зависности. Исто така беше обработена и тема од областа на сообраќајната безбедност.