17 октомври 2024

Едукативни работилници на СВР Скопје


Денеска (17.10.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ПСОН Ѓорче Петров во основните училишта „Мирче Ацев“ и „Димитар Поп Ѓеоргиев Беровски“, на подрачјето на оваа полициска станица, реализираа две едукативни работилници, а беа формирани и училишни клубови за превенција што ќе бидат вклучени во реализација на проектот „Безбедност во училиштата“.
Во рамки на работилниците беа обработувани темите за „Детски права и обврски“, за „Превенција од сите видови на насилство“, како и за „Превенција од зависности“, како и темата од областа на сообраќајната безбедност насловена како –„Научи да ги почитуваш сообраќајните правила и прописи“.
Основна цел на едукативните работилници пред се беше информирањето, детектирањето и препознавање на девијантни појави поврзани со насилството и зависностите меѓу учениците, а во интерес на превенирање и спречување на ваквите појави.