16 октомври 2024

Едукативна работилница на СВР Велес за побезбеден сообраќај

Отсекот за превенција при СВР Велес вчера (15.10.) во општинското основно училиште „Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци за учениците од прво одделение спроведе едукативна работилница на тема – „Безбедност при одење и враќање од училиште“.

На работилницата полициските службеници ги запознаа првоодделенците со основните сообраќајни правила и прописи за нивна поголема безбедност во сообраќајот, но и со можните сообраќајните опасности и ризици на патот до училиштата и назад кон својот дом, доколку не се почитуваат прописите.