16 октомври 2024

Превентивни активности на СВР Скопје

Денеска (16.10.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Полициското одделение Шуто Оризари во Основното општинско училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари формираше ученички Клуб за превенција и спроведе едукативна работилница за ученици од Клубот за превенција на тема -„Детските права и превенција од насилство“, а во рамки на превентивниот проект - „Безбедност во училиштата“.

Основна цел на ваквите едукативни работилници е заедно со учениците, односно во заеднички ангажман со нив преку детектирање и препознавање на причините и ризиците, учениците да се стекнат со знаења од областа на безбедноста и превенција од сите видови насилства и подигнување на свеста и безбедносната култура кај учениците.

Исто така денеска Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе и едукативна работилница од областа на сообраќајот во ЈУДГ „Буба Мара“ - објект Сонце во н.Ново Лисиче со дечињата од три до шестгодишна возраст.