15 октомври 2024

Едукативни работилници на СВР Битола

Вчера (14.10.) Отсекот за превенција при СВР Битола во општинското основно училиште „Даме Груев“ во Битола реализираше едукативни работилници посветени на ученици од повеќе основните училишта во градот.

Притоа, на работилниците беа опфатени проектите - „Детските права и превенција од насилство“, согласно проектот „Безбедност во училиштата“, како и тематските содржини во делот на „Превенција од насилство“.

Основна цел на едукативните работилници беше детектирање и препознавање на девијантните појави поврзани со насилството меѓу учениците, а во насока на превенирање на ваквите појави. И ОВР Прилеп, вчера, исто така реализираше превентивна активност во насока на поголема безбедност во сообраќајот, а тематски посветена на безбедноста на пешаците.