Денеска (14.10.) Одделението за превенција при СВР Скопје во општинските основни училишта „Марко Цепенков“ во село Зелениково и во „Блаже Конески“ во општина Аеродром реализираше три едукативни работилници посветени на учениците од овие основни училишта.
Притоа, првата работилница реализирана во соработка со ПС Драчево во основното училиште „Марко Цепенков“, а во која што учествуваа учениците членови на училишниот Клуб за превенција беше спроведена на темата - „Детските права и превенција од насилство“, согласно проектот „Безбедност во училиштата“, додека пак двете едукативни работилници во ОУ „Блаже Конески“ беа посветени на темата „Превенција од насилство“.
Инаку, основна цел на едукативните работилници беше детектирање и препознавање на девијатните појави поврзани со насилството меѓу учениците, а во насока на превенирање на ваквите појави.