11 октомври 2024

Превентивна активност на СВР Куманово

 Денеска (11.10.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со велосипедскиот клуб Вело-М , Општинскиот сојуз на спортови Куманово и Општинскиот совет за безбедност на патишта, организираа велосипедска трка - „11 Октомври".


Трката се одржа нa булеварот „Октомвриска револуција“ со ученици од основите и средните училишта од сите општини на подрачје на СВР Куманово. Целта на овие натпревари е преку игра, дружење и меѓусебно почитување сите да придонесеме да имаме побезбедна заедница. На најуспешните им беа доделени медали.