08 октомври 2024

Превентивни активности на СВР Битола

Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола, денеска (08.10.2024) на подрачјето на Битола спроведоа сообраќајна превентивна активност под мотото - „Стави појас". Притоа полициските службеници во непосредна комуникација со возачите и сопатниците укажуваа на важноста од почитување на законските одредби, особено во поглед на задолжителното користење на сигурносни појаси во интерес на личната безбедност. Покрај ова на граѓаните им беа дадени и едукативени материјали изработен во соработка со РСБСП.

Инаку и вчера (07.10.2024) Отсекот за превенција при СВР Битола спроведе превентивна активност на подрачјето на општина Битола за заштита на граѓаните од имотни деликти, пред се на повозрасните категории граѓани.