08 октомври 2024

Превентивни активности на СВР Велес

Денеска (08.10.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, a по повод „Светската недела на детето“ во просториите на ОВР Кавадарци, беше спроведена превентивно едукативна активност со учениците од прво одделение од Основното општинско училиште ,,Димката Ангелов Габерот“ од Ваташа.

За време на активноста во рамки на проектот „Отворен ден со полицијата“ учениците имаа можност да го проследат предавањето посветено на полициската работа, односно за целите и задачите на полициската служба, а воедно првооделениците имаа можност во кусата презентација да се запознаат со дел од опремата која се користи во секојдневното полициско постапување, пред се од областа на сообраќајната безбедност.