06 октомври 2024

Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од имотни деликти

Денеска (06.10.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивна активност на подрачјето на општина Центар во Скопје за заштита на граѓаните од имотни деликти, особено од кражби во автомобилите. На граѓаните им беа дадени корисни совети, а меѓу другото им беше укажано дека треба да внимаваат да не ги оставаат своите возила незаклучени, а исто така да не оставаат вредни предмети во автомобилите.

На граѓаните им беше поделен и едукативен печатен материјал.