04 октомври 2024

Едукативна работилница на СВР Штип

Денеска (04.10.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во содејство со полициски службеници од ПС ОН Штип организираа едукативна работилница во основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип за превенција од врсничко насилство. Учениците беа запознаени со последиците што ги носи ваквата појава, а особено беше посветено внимание, преку непосреден разговор со децата, околу начините како да се препознае насилството и кои се начините благовремено да се превенира и да се заштитат децата од последиците на оваа социо-девијантна појава.