На 03.10.2024 во просториите на СВР Струмица, на иницијатива на Одделението за полиција и Отсекот за превенција при СВР Струмица, се одржа средба со претставници и комесарите за безбедност на спортските клубови од Струмица.
На средбата беше потенцирана важноста од меѓусебната соработка и почитувањето на одредбите од Законот за спречување насилство на спортски натпревари. Исто така се разговараше и за обврската која ја имаат организаторите на спортските натпревари, мерките на превентивно дејствување и намалување на ризикот од појавување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари, а се со цел безбедно организирање на претстојните натпревари.