03 октомври 2024
Превентивна активност на СВР Велес
Денеска (03.10.2024) од страна на Отсекот за превенција заедно со Одделението за полиција при СВР Велес во соработка со Црвен крст- Велес, Територијалната противпожарна единица- Велес и Итната медицинска помош- Велес во ООУ „Блаже Конески“ во Велес беше организирана показна симулациона вежба за евакуација од училиште, по претходно изготвено сценарио за пожар во објектот. На вежбата беа презентирани мерките за заштита и спасување и начинот на постапување на службите на терен при евентуално настанат пожар во училиште.