02 октомври 2024

Превентивна активност на СВР Тетово

На 01.10.2024 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од ОВР Гостивар, во Гостивар спроведоа превентивно едукативна кампања за заштита од џебни кражби, примарно фокусирана на повозрасните граѓани. Притоа, полициските службеници споделија совети како граѓаните да се заштитат, а дополнително беа поделени и едукативни печатени материјали. Во разговорите беше потенцирана и неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата, пред се преку брзо пријавување на таквите случаи на бесплатниот телефонски број 112.