Денеска (28.09.2024), полициски службеници од СВР Битола - ОВР Ресен во централното градско подрачје на Ресен спроведоа превентивна активност под мотото „Паркирај совесно - паркирај одговорно”.
За време на превентивната активност, меѓу другото, на неправилно паркираните возила беа поставени летоци со едукативна содржина, а возачите беа запознаени и предупредени за прекршоците кои произлегуваат од непочитување на сообраќајните правила и прописи.
При реализација на активноста беше поделен рекламен материјал со едукативна содржина изработен од РСБСП.