Вчера (24.09.2024), отсекот за превенција при СВР Велес на подрачјето на општина Кавадарци, спроведе сообраќајна превентивна активност под мотото „Паркирај совесно, паркирај одговорно". На повеќе локации во Кавадарци полициските службеници им укажуваа на возачите за важноста од правилното паркирање не само во поглед на казнивоста, туку и во поглед на безбедноста во сообраќајот пред се на пешаците. Основна цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура кај возачите по однос на правилното и прописно паркирање.
Воедно, на граѓаните им беа делени и едукативни материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.