24 септември 2024

Превентивни активности на СВР Битола

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со полициски службеници од Полициското одделение Новаци денеска (24.09.) реализираа превентивно-едукативна активност со учениците од основното училиште „Славко Лумбарко“ во општината Новаци. Притоа, беа спроведени едукативни предавања на темите: „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“, како и „Безбедно во сообраќајот“.
Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога. Исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците од насилството меѓу младите, и за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи, опасностите што демнат, односно како навремено да ги препознаат и превенираат.

Исто така, во текот на вчерашниот ден полициските службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола заедно со Отсекот за превенција и РСБСП реализираа сообраќајно превентивна активност за поголема безбедност на пешаците и возачите на велосипеди во централното градско подрачје во Битола.