Денеска (20.09.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во рамки на одбележувањето на манифестацијата „Европска недела на мобилност“ реализираа настан насловен како -„Ден на мобилност“.
Притоа, во централното градско подрачје на Гостивар во непосредна комуникација со граѓани-велосипедисти им беше укажувано за законските обврски во делот на сообраќајот како и за неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, а во интерес на нивна лична безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Исто така на овој начин се промовираше велосипедот како алтернативно превозно средство кое придонесува до поздрава животна средина.