20 септември 2024

Превентивни активности на СВР Скопје



Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска (20.09.) реализираше превентивни активности на подрачјата на Полициските станици од општа надлежност Аеродром и Кисела Вода.
Така на подрачјето на ПСОН Аеродром со ученици од општинското основно училиште „Љубен Лапе“, а во рамки на одбележувањето на „Европска недела на мобилност“ беше реализирана превентивна активност од областа на сообраќајната безбедност а со цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето и велосипедизмот како и зголемување на безбедноста во сообраќајот, почитување на сообракајната култура и сообраќајните правила и прописи. 
На подрачјето пак на ПСОН Кисела Вода се одржа работна средба со претставниците на објекти каде се приредуваат игри на среќа или се во непосредна близина на училиштата со цел укажување на потребата за почитување на законските обврски кои се однесуват на малолетниците, начиниот на пријавување на кривично правни настани, како и запознавање околу санкциите од непочитувањето на законските одредби.