20 септември 2024

Превентивни активности на СВР Велес


Денеска (20.09.) во Kавадарци, Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од Кавадарци и со ученици од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци кој се дел од училишната сообраќајна единица, реализираа превентивна активност која имаше за цел укажување на клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот, пешаците.
Полициските службеници заедно со учениците на повеќе локации во градот им укажуваа на граѓаните околу најважните сообраќајни правила и прописи суштествени по безбедноста на пешаците а дополнително на граѓаните им беа делени и едукативни материјали, летоци со препораки за безбедно учество во сообраќајот на сите пешаци, а изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.