Во рамки на манифестацијата „Европска недела на мобилност“, вчера (19.09.) Отсекот за превенција при СВР Битола, во содејство со Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола и во координација со РСБСП и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот при општина Битола, реализираше трибина со студенти од Техничкиот факултет во Битола, како и со раководниот кадар на оваа виско-образовна установа.
Трибината имаше за цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето и велосипедизмот. Согласно тоа, СВР Битола во овој период реализираше низа активности за промоција и поддршка на алтернативните форми на мобилност со посебен акцент на поддршка на велосипедизмот.
Исто така, во текот на вчерашниот ден и ОВР Ресен во основното училиште „Мите Богоевски" во Ресен реализираше превентивна активност насочена кон најмладите учесници во сообраќајот на тема: „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.