19 септември 2024

Превентивни активности на СВР Куманово

Денеска (19.09.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во рамки на одбележувањето на манифестацијата „Европска недела на мобилност“ реализираа настан „Ден на мобилност“.

Притоа, во централното градско подрачје на Куманово во непосредна комуникација со граѓани-велосипедисти им беше укажувано за законските обврски како и за почитување на сообраќајните правила и прописи, а со цел нивна лична безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Исто така на овој начин се промовираше велосипедот како алтернативно превозно средство кое придонесува до поздрава животна средина.