Во текот на вчерашниот ден (18.09.) во Полициската станица од општа надлежност Гази Баба, Одделението за превенција при СВР Скопје реализираше сообраќајна поука за лица учесници во сообраќајот кои направиле сообраќаен прекршок по членовите - чл.66/5, чл.63/6 и чл.187/6 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Имено, согласно Законот за сообраќај, Министерството за внатрешни работи може да примени посебни воспитни мерки кон лица кои ги прекршиле сообраќајните правила и прописи утврдени со овој закон, за кои е предвидена глоба до 50 евра во денарска противвредност. Како посебни воспитни мерки, може да се применат укажување на опасноста од сторениот сообраќаен прекршок, сообраќајна поука, прикажување на сообраќајни филмови и слично, при што на сторителот на прекршокот му се издава покана.
На сообраќајната поука учествуваа дваесетина граѓани, што сториле сообраќајни прекршоци, и на кои што практично преку присуствување на сообраќајна поука им е дадена можност санкцијата за направен прекршок да им биде ефектуирана со предупредување.
Се разбира, останатите лица кои сториле исти или слични прекршоци а кои не беа присутни на сообраќајната поука, со тоа не го искористија правото за ослободување од санкција, и нивниот прекршочен платен налог доставен за направениот прекршок ќе биде ефектуиран согласно Законот за прекршоци во сообраќајот по основ на членовите чл.66/5, чл.63/6 и чл.187/6.