18 септември 2024

Превентивна активност на ОВР Крива Паланка

Денеска (18.09.) полициски службеници од ОВР Крива Паланка во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка за учениците од шесто одделение реализираа едукативна работилница тематски посветена на безбедноста во сообраќајот.

Во рамките на предавањето полициските службеници ги запознаа децата со основните сообраќајни правила и прописи, потоа како да се однесуваат како учесници во сообраќајот, односно пешаци, но и кога возат велосипед или тротинет. Исто така стана збор и за задачите и обврските на еден униформиран полициски службеник- сообраќаец.