Денеска (18.09.) Отсекот за превенција при СВР Битола, заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола и со РСБСП и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот при општина Битола, спроведоа превентивна активност на подрачјето на Битола, а во рамки на „Европската недела на мобилност. Превентивната активност од областа на сообраќајната безбедност беше реализирана со ученици од општинското основно училиште „Коле Канински“ во Битола.
„Европска недела на мобилност” e активност, односно кампања која на иницијатива на Европската комисија, се спроведува секоја година, во периодот од 16 до 22 септември. Кампањата има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето и велосипедизмот. Согласно тоа, СВР Битола во овој период реализираат низа активности за промоција и поддршка на алтернативните форми на мобилност со посебен акцент на поддршка на велосипедизмот и секако безбедноста во сообраќајот.