17 септември 2024

Превентивна активност на СВР Велес во рамки на „Европската недела на мобилност“

Денеска (17.09.2024) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициската станица за безбедност во сообраќајот при СВР Велес, заедно со претставници од општината Велес во ООУ „Васил Главинов“ во Велес беше спроведена едукативна работилница по повод „Европската недела на мобилност“, а на темата „Безбедни во сообраќајот, безбедни велосипедисти, безбедни пешаци“.

Од страна на полициските службеници на учениците им беше одржано едукативно предавање во врска со безбедноста во сообраќајот, безбедноста на велосипедистите, возачи на тротинети, како и на пешаците. Посебен акцент беше ставен на правилата и прописите кои треба да ги почитуваат овие категории учесници во сообраќајот со цел да не дојде до несакани последици особено на најранливата категорија-децата, нивно безбедно доаѓање и заминување од училиштата, како и за време на слободните и други активности на децата надвор од училиштето.