Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ денеска (14.09.) на трите гранични премини во надлежност на оваа организациона единица – граничните премини „Богородица“, „Меџитлија“ и „Стар Дојран“ спроведоа превентивни активности посветени на спречувањето на илегалното пренесување мигранти.
Притоа, фокусирајќи ги активностите пред се кон превозниците со товарни моторни возила, полициските службеници во непосредна комуникација со возачите ги информираа за ризиците, особено од кривично-правен аспект од нелегалниот транспорт на илегални мигранти, а воедно беа делени и печатени едукативни материјали со информативни содржини поврзани со илегалната миграција и санкциите во врска со ваквите кривични дела