13 септември 2024

Превентивна активност на СВР Велес за побезбеден сообраќај

Денеска (13.09.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“. Превентивната активност беше реализирана на подрачје на Велес и Кавадарци, и притоа преку непосреден контакт со возачите им се укажуваше на обврската за почитување на правилата за безбедно управување со возило, примарно околу задолжителното носење на сигурносен појас, пред се од аспект на значајната заштитна улога што ја има сигурносниот појас при евентуално случена сообраќајна незгода, како и околу потенцијалните ризици по безбедноста од користење на мобилен телефон за време на управување со возило.

Полициските службеници апелираа до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат и сите останати правила и прописи за безбедно управување со возило, а сето тоа во насока на подигање на свеста на учесниците во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Во текот на активноста на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина изработени од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.