13 септември 2024

„Не зборувај на мобилен додека возиш“, превентивна активност на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (13.09.) во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе превентивно едукативни активности од областа на сообраќајната безбедност под мотото „Не зборувај на мобилен додека возиш“.

Едукативно превентивните активности беа спроведени на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Бит Пазар, поточно на една од најфреквентните скопски сообраќајници „Цветан Димов“. Тргнувајќи од мотивот за подигнување на нивото на сообраќајната култура, полициските службеници укажуваа на потребата од стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, пред се во поглед на безбедносните сообраќајни норми, како што е забраната за користење на мобилен телефон при управување со моторно возило.

Исто така, на возачите им беа поделени и едукативни материјали односно летоци со корисни информации, изработени во соработка со РСБСП.