Вчера (11.09) полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола во соработка со ЈП „Национални шуми“, спроведоа превентивно едукативна кампања за превенција од пожари. Едукативно превентивната активност беше спроведена на подрачјето на Прилеп. Притоа, основна цел на проектот беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, а во контекст на превенцијата од пожари. За време на активноста во непосредна комуникација со граѓаните беше посочено какви се последици можат да настанат доколку не се биде внимателен, односно за недозволивоста од неодговорното однесување при правење на скара, потоа фрлањето отпушоци или други запаливи материјали, и воопшто за потенцијалните опасностите од предизвикување на пожари од невнимание. На граѓаните им беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со ЈП„Национални шуми“.
Покрај оваа активности, полициските службеници од ОВР Крушево при СВР Битола во соработка со РСБСП спроведоа превентивно едукативна активност под мотото „Стави појас“. Полициските службеници на подрачјето на Крушево во непосредна комуникација со возачите и сопатниците укажуваа на потребата од почитување на оваа законска безбедносна мерка, а во интерес на личната и општа безбедност во сообраќајот. На граѓаните, односно на возачите и сопатниците и овој пат им беа делени летоци со информативни содржини од областа на сообраќајната регулатива.