На 07.09.2024 на подрачје на Валандово полициски службеници од Полициската станица Валандово реализираа превентивна активност "Носи кацига, вози безбедно".
Полициските службеници на возачите на мотори, мотоцикли, како и на електрични тротинети им укажаа за потребата од носење заштитна кацига, пред се заради нивна лична безбедност. Исто така, им беа поделени и летоци со едукативна содржина, со цел нивно запознавање и со законската регулатива што го предвидува санкционирањето на оние кои не носат кацига.