Денеска (06.09.), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа превентивно едукативна активност од областа на безбедноста во сообраќајот под мотото „Не пиј кога возиш“.
Едукативната активност беше спроведена на подрачјето на општината Карпош, каде што полициските службеници во комуникација со возачите укажуваа за опасноста и казнивоста на конзумирањето на алкохол доколку потоа се управува со моторно возило. Истовремено, на возачите им беше укажано дека возењето под дејство на алкохол е една од најчестите причини за тешки сообраќајни несреќи. На возачите, воедно, им беа делени едукативни летоци, изработени во соработка со РСБСП, со информативни содржини и апели за почитување на сообраќајните правила и прописи.