05 септември 2024

„Стави појас“, превентивна активност на СВР Скопје

Денеска (05.09.) Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со РСБСП спроведе превентивно едукативна активност под мотото „Стави појас“. Полициските службеници на подрачјето на општината Гази Баба, односно на излез од град Скопје, во непосредна комуникација со возачите и сопатниците укажуваа на потребата од почитување на оваа законска безбедносна мерка, а во интерес на личната и општа безбедност во сообраќајот.

Целта на активноста генерално беше насочена кон зголемување на сообраќајната култура и секако кон зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. На граѓаните, односно возачите и сопатниците и овој пат им беа делени летоци со информативни содржини од областа на сообраќајната регулатива.