Вчера (29.08.), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово реализираа неколку превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот.
Преку пораките: „Вози одморен“, „Не пиј кога возиш“, „Не користи мобилен телефон кога возиш“ и „Патувај безбедно-стави појас“, активностите беа спроведени на граничниот премин „Табановце“, каде што фреквенцијата на сообраќај, особено во летниот период, е зголемена.
Притоа, на возачите и сопатниците им беше укажувано да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, со апел за генерално зголемување на сообраќајната култура кај возачите. Воедно на учесниците во сообраќајот им беа поделени едукативни летоци со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила, а изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.