Денеска (26.08.) Одделението за превенција при СВР Скопје реализираше координативни состаноци со командирот на ПСОН Аеродром и претставници од сектор образование на скопската општина Аеродром, а во врска со преземање на мерки и активности за безбедно отпочнување на учебната година, како и координација за реализација на превентивни активности согласно континуираниот проект “Безбедност во училиштата“.
Целта на состанокот, меѓу другото, беше подобрување на севкупната и на лична безбедност на учениците во образовно воспитните установи, потоа намалување на сите облици на насилство помеѓу учениците, како и градење на доверба меѓу учениците и полицијата и развивање на меѓусебна соработка.
Дополнително, беше реализирана и работна средба со директорот на ЈУГД „Срничка“ со цел реализација на превентивни активности во делот на сообраќајот со децата од предучилишна возраст.