Денеска, (25.08.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со претставници од Шумската полиција на наплатната станица Желино и наплатната станица Тетово спроведоа превентивни активности за превенција од пожари и незаконска сеча.
На граѓаните преку директна комуникација и делење едукативни летоци им беше потенцирана важноста на шумите и нивната заштита како наше богатство. Посебно им беше укажано да не фрлаат отпушоци, да не палат отпадоци, меѓи и стрништа на нивите и други дејствија со кои може да се предизвика пожар.
Целта на проектот е да се зголеми свеста кај граѓаните за важноста на шумите и нивната заштита, како и да се спречи појавата на шумски пожари, кои можат да предизвикаат огромни штети, како и незаконското сечење на дрва.